Индустриските зони во Македонија се множат како печурки

Bez autora
Mar 07 2013

Административната зграда со огромен паркинг каде може да се сместат околу 100 товарни возила во ТИРЗ Скопје е готов, а техничкиот прием ќе се реализира во најкус можен рок. Во објектот ќе функционира царински терминал, шпедитерски компании, а ќе се отвори банка, пошта и повеќе угостителски објекти. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо е задоволен како се развива потребната инфраструктура и најави дека таа во Штип ќе биде готова до јуни годинава за да се овозможат условите што ги бара инвеститорот. Не случајно угледниот Фајненшл тајмс" неодамна ги рангираше скопските индустриски зони во 50-те најдобри слободни економски зони во светот. Успехот токму се должи на континуираното вложување во изведбата и надградбата на нивната инфраструктура.

Индустриските зони во Македонија се множат како печуркиАдминистративната зграда со огромен паркинг каде може да се сместат околу 100 товарни возила во ТИРЗ Скопје е готов, а техничкиот прием ќе се реализира во најкус можен рок, потврди за Вечер директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Во објектот ќе функционира царински терминал, шпедитерски компании, а ќе се отвори банка, пошта и повеќе угостителски објекти. Мизо е задоволен како се развива потребната инфраструктура и најави дека таа во Штип ќе биде готова до јуни годинава за да се овозможат условите што ги бара инвеститорот.

Не случајно угледниот Фајненшл тајмс" неодамна ги рангираше скопските индустриски зони во 50-те најдобри слободни економски зони во светот. Успехот токму се должи на континуираното вложување во изведбата и надградбата на нивната инфраструктура.

- Компаниите што работат во зоните меѓу кои и најголемите Џонсон Контролс" и Џонсон Мети" во вкупниот извоз на Македонија лани учествуваа со 19,3%, а годинава се очекува нивното учество во извозот да биде над 20% - потсети Мизо.

Фабриката на британската компанија Џонсон Мети" работи турбо, се гради новиот производствен погон, а потоа ќе се инсталира новата софистицирана опрема за во мај компанијата да стартува со нова производствена линија како втора фаза од нивната инвестиција. Од фабриката на "Џонсон Мети" се извезуваат катализатори, а заедно со погоните на американски Џонсон контролс" уште повеќе ќе го зголемат учеството во севкупниот македонски извоз на странските пазари.

Мизо потенцира дека оваа зона е една од 11-те во државава кои даваат добри резултати. Во ТИРЗ Скопје 2" се гради фабрика за автобуси на белгискиот инвеститор Ван Хол", инвестиција вредна околу 20 милиони евра која треба да биде пуштена во употреба во август годинава. Предвидено е до крајот на годинава да се испорачаат и првите автобуси за американскиот пазар.

За Бунарџик е заинтересирана и турската медицинска компанија Матек" од Анкара која има интерес да вложи околу 15 милиони евра во подигање на погон за високо технолошки медицински препарати. Во тек се административните подготовки за воспоставување на ТИРЗ Скопје 3" која би се простирала на дополнителни 45 хектари простор.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, во индустриската зона "Жабени" во Битола веќе во изградба се неколку фабрики од поголем капацитет, а за зоната "Алинци" во Прилеп голем број домашни инвеститори покажале интерес за изградба на производствени капацитети.

Активно е и во зоните "Речани 1", "Речани 2" и УЗУС во Велес, каде повеќе локални фирми веќе градат свои нови капацитети. "Џонсон Контролс" гради втора фабрика во Штип, "Дрекслер и Маер" во Кавадарци, "Кромберг и Шуберт" во Битола.

Пешевски смета дека и економските зони во општина Илинден се добар пример како се планирана и реализира динамична работи, при што се дава силна поддршка во развојот на економијата и стопанството. Тој укажа дека ќе се интензивира изградба на инфраструктурата внатре во индустриските зони и инфраструктурата до нив, бидејќи тоа е основен предуслов за привлекување на што е можно повеќе странски и домашни инвеститори.

На ниво на Македонија, досега е започната изградбата на технолошко-индустриските развојни зони во Скопје, Штип, Гевгелија, Кичево и Прилеп. Во "Алинци" кај Прилеп е поставен камен-темелникот за изградбата на новата ТИРЗ. Истовремено оваа општина со брзо темпо ја оформува индустриската зона Прилеп 1", за мали и средни претпријатија каде се распродадени парцелите и наскоро ќе почне изградбата на капацитетите. Зоната има плански опфат од 67 хектари со можност за проширување на уште 35 и ќе биде поврзана со патна, водоводна, електрична и канализациска мрежа.

- Дваесетината локации во индустриската зона Прилеп 1" се продадени, се прави целосната инфраструктура и наскоро ќе се градат новите капацитети на претежно прилепски фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања - кажа деновиве градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Министерството за економија преку јавен тендер донесе одлука за давање под концесија на ТИРЗ "Тетово" на норвешката компанија Нормак инвестмент груп", која ќе управува со просторот во наредните 96 години, каде се очекуваат инвестиции од повеќе сектори.

За индустриските зони во Струга, Ранковце и Струмица постапките ќе започнат веднаш по локалните избори. Во тек е изработка на проектна документација и на ТИРЗ во Радовиш. Исто така во општината Демир Капија ќе се изградат уште три индустриски зони, за кои веќе се подготвуваат урбанистичките планови. Две од индустриските зони ќе бидат лоцирани во катастарските општини Дрен и Корешница и ќе имаат површина од по 50 хектари. Третата, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, ќе биде во катастарската општина Прждево и ќе се простира на површина од 10 хектари.

И во реонот на општината Ѓорче Петров се засилуваат проектите кои ќе ја поттикнат економијата, но и ќе овозможи развој и привлекување на нови инвестиции кои ќе значат отворање на нови работни места. Локалната власт веќе најави отворање на две нови индустриски зони и тоа првата е покрај реката Лепенец, втората покрај обиколницата на Скопје која поради добрата инфраструктурна поврзаност има стратешка положба во општината и нуди големи можности на потенцијалните инвеститори.

Со помош на странските инвестиции Македонија излезе од рецесија

Додека Европа тоне во рецесија, Македонија се извлече од неа токму поради странските инвестиции. Главна моторна сила на економијата во земјава се двете крупни компании и тоа "Џонсон Мети" која го зголемува извозот за 18%, а "Џонсон Контролс" за 10%. Се раздвижи и домашниот бизнис, стана ликвиден благодарение на 92 милиони евра кои како долг на државата се вратени во стопанството.

Како што информираше премиерот Никола Груевски во време кога голем број од државите во Европа се уште тонат во рецесија или некои од нив штотуку влегуваат, позитивно се рефлектираат владините мерки кои се насочени кон реализација на инфраструктурните проекти и градежништвото.

Еврозоната во последното тримесечие од 2012 година се подлабоко влезе во рецесија, се вели во податоци на европската служба за статистика - Евростат. Економијата на еврозоната бележи пад за 0,6% во последното тримесечие од 2012 година во споредба со третиот квартал кога ослабе" за 0,1%. Економијата на ЕУ во тој период бележи пад за 0,5% по малиот раст од 0,1% во третиот квартал.

Во споредба со последниот квартал во 2011 година, економијата е намалена за 0,9%, а ЕУ за 0,6%. Економијата на еврозоната според Евростат, во целата 2012 година потонала" за 0,6%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik